Помош

Тука можете да најдете одговори на често поставувани прашања од наши корисници. Доколку не го најдете одговорот кој го барате, слободно контактирајте не на contact@duskalo.mk.

  1. Дали мора да се регистрирам за да внесам оглас?
  2. Што е предноста од регистрацијата?
  3. Што е разликата помеѓу регистрацијата како физичко лице и регистрацијата на претпријатие?
  4. Како да поставам оглас?
  5. Како да додадам видео?
  6. Како да изменам веќе внесен оглас?
  7. Како да избришам оглас?
  8. Што е Мое Душкало?
  9. Ја заборавив лозинката, не можам да се логирам?
  10. Дали доколку го променам огласот, ќе се појави прв на листата?
  1. Дали мора да се регистрирам за да внесам оглас?

  2. Не! Со цел ви овозможиме најбрзо и најлесно внесување на Вашите огласи, не бараме претходна регистрација. Секако дека за корисниците кои сакаат да се регистрираат ја нудиме оваа опција.

  3. Што е предноста од регистрацијата?

  4. Предноста за регистрираните корисници е следна:

    • Јасен преглед врз сите Ваши претходно објавени огласи.
      (За да ги погледнете вашите огласи како регистриран корисник, најпрво логирајте се, а потоа одете во "Мое Душкало", кое се наоѓа во горниот лев агол. Тука имате дел "Мои огласи")
    • Промена и бришење на поставените огласи
    • Го избегнувате непотребното внесување на податоци како што се телефон, адреса, e-mail адреса и слично при секое наредно внесување на оглас

    Регистрацијата е брза, едноставна и лесна и можете да ја пристапите со едноставно кликнување на линкот “Регистрација” кој се наоѓа во десниот горен агол од страната.

  5. Што е разликата помеѓу регистрацијата како физичко лице и регистрацијата на претпријатие?

  6. Кога креирате налог, односно кога се регистрирате имате можност да одберете дали сте "физичко лице" или "препријатие". Ова е заради потребата да им се понуди на претпријатијата да го постават своето лого коешто ќе се појавува во секој оглас објавен од страна на тоа претпријатие. Ова е особено погодно за фирми како што се агенциите за недвижности кои редовно објавуваат повеќе огласи, така што на индиректен начин ја рекламираат својата компанија.

  7. Како да поставам оглас?

  8. Внесувањето на оглас е брзо и едноставно. За да внесете оглас кликнете на црното копче “Додади оглас”.

    • Чекор 1: Одберете категорија
    • Ќе ви се отвори прегледна листа на категории во кои можете да го поставите Вашиот оглас. Со одбирање на одредена категорија во следниот дел од екранот ќе ви се отворат подкатегориите на категоријата која сте ја одбрале, доколку постојат. Откако сте ја одбрале Вашата категорија/подкатегорија, треба да кликнете на копчето “Продолжи”, за да прејдете на наредниот чекор.

    • Чекор 2: Внесете го огласот
    • Внесете ги информациите за Вашиот оглас во формуларот. Во зависност од категоријата која сте ја одбрале ќе Ви се појават детални опции од кои можете да одберете.

      *(Со опциите кои ги нудиме се овозможува полесно и попрегледно организиран оглас, а од друга страна полесно пребарување од страна на корисниците кои се заинтересирани за она што го нудите.)

    • Чекор 3: Додадете фотографии
    • За да додадете фотографија кликнете на копчето “Додадете слика/слики” и одберете ги фотографиите од Вашиот персонален компјутер кои сакате да ги додадете. Во долниот дел ќе се појават фотографиите кои сте ги одбрале. Доколку сакате да промените/избришете одредена фотографија тука можете да го направите тоа.

    • Чекор 4: Потврда
    • Доколку не сте регистриран корисник, пополнете го формуларот со Вашите податоци. Во полето “Лозинка”, внесете лозинка којашто ќе ја искористите во иднина доколку сакате да го промените внесениот оглас.

  9. Како да додадам видео?

  10. При внесувањето на оглас имате можност да внесете и видео од Youtube. Внесувањето е лесно и едноставно. Само ископирајте го линкот од видеото кое сакате да го додадете и нанесете го во празното поле наменето за “Youtube видео”. За да го погледнете вашето видео кликнете на “Преглед”. Ќе ви се појави видео клипот кој сте го поставиле и празно поле за “Опис”, доколку сакате нешто да напишете.

  11. Како да изменам веќе внесен оглас?

  12. За да измените оглас кој бил претходно објавен од Ваша страна, најпрво треба да го отворите огласот кој сте го внеле, а потоа да кликнете на линкот “Промени Оглас”, кој се наоѓа веднаш под сликата. Тоа ќе ве однесе на нова страна каде што ќе треба да ја внесете Вашата лозинка која сте ја одредиле при внесувањето на оглас. Внесете ја лозинката и кликнете на “Испрати”. Ќе ви се отвори огласот во форма за едитирање каде што ќе можете да промените се што сакате.

    *За полесно да може да го лоцирате/пронајдете Вашиот внесен оглас, ви препорачуваме да го запомните бројот на Вашиот оглас. На почетната страна во десниот дел нудиме можност за да го пребарате Вашиот оглас по број. Внесете го бројот на Вашиот оглас во празното поле под “Пребарување по број” и најлесно пристапете до Вашиот оглас.

  13. Како да избришам оглас?

  14. Постапката за бришење на оглас е иста како и при менување на оглас, со тоа што доколку сакате да го избришете огласот ќе треба да кликнете на линкот “Избриши” кој се наоѓа веднаш под сликата во Вашиот оглас. Тоа ќе ве однесе на нова страна каде што ќе треба да ја внесете Вашата лозинка која сте ја одредиле при внесувањето на оглас. Внесете ја лозинката и кликнете на “Испрати”. Со ова Вашиот оглас е отстранет.

  15. Што е Мое Душкало?

  16. Мое Душкало е наменето за регистрираните корисници, кои имаат привилегија да ги гледаат внесените огласи, да ги променуваат и сл.

    Корисниците кои имаат Мое Душкало имаат лесен преглед врз своите внесени огласи. Со пристапување во Мое Душкало и кликнување на иконата "Мои Огласи" можете да ги видете сите ваши претходно објавени огласи, да ги променувате, бришете и слично.

  17. Ја заборавив лозинката, не можам да се логирам?

  18. Доколку сте ја заборавиле лозинката и не можете да се логирате, кликнете на линкот “Заборавена лозинка?”, кој се наоѓа веднаш до полето за внесување на лозинка. Потоа ќе ви се отвори ново поле каде што ќе треба да ја внесете Вашата e-mail адреса на која ќе ви биде испратена нова лозинка.

  19. Дали доколку го променам огласот, ќе се појави прв на листата?

  20. Да! Со промената на огласот, тој ќе се појави на листата како да е штотуку објавен.

Пребарување по број
SONAX